> Одржување на печатачот > Проверување на статусот на потрошните материјали

Проверување на статусот на потрошните материјали

Може да го проверите приближниот работен век на кутијата за одржување од контролната табла на печатачот. Изберете на почетниот екран.

За да потврдите колку мастило е преостанато, визуелно проверувајте ги нивоата на мастило на сите резервоари.

Важно:

Продолженото користење на печатачот кога нивото на мастилото е под долната линија може да го оштети печатачот.

Белешка:

Приближните нивоа на мастило, како и приближниот работен век на кутијата за одржување може да ги проверите и преку набљудувачот на статусот од двигателот за печатачот.

  • Windows

    Кликнете EPSON Status Monitor 3 во картичката Одржување.

    Ако EPSON Status Monitor 3 е оневозможено, кликнете Проширени поставки во картичката Одржување, а потоа изберете Вклучи EPSON Status Monitor 3.

  • Mac OS

    Мени Apple > Системски претпочитани вредности > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс) > Epson(XXXX) > Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма за печатачот > EPSON Status Monitor