Печатење документи со Epson Print Enabler

Може безжично да печатите документи, е-пораки, фотографии и веб-страници директно од вашиот телефон со Android или таблет (Android v 4.4 или понова верзија). Со неколку допири, вашиот уред со Android ќе открие печатач Epson што е поврзан на истата безжична мрежа.

Белешка:

Операциите може да се разликуваат зависно од уредот.

  1. Поставете го печатачот за безжично печатење. Погледнете го линкот подолу.

    http://epson.sn

  2. Инсталирајте го приклучокот за овозможувачот за печатење на Epson од Google Play.

  3. Поврзете го уредот со Android со истата безжична мрежа што ја користи печатачот.

  4. Одете на Поставки на вашиот уред со Android, изберете Печатење, а потоа овозможете го Epson Print Enabler.

  5. Од апликација за Android, како на пример Chrome, допрете на иконата за менито и отпечатете го она што го гледате на екранот.

    Белешка:

    Ако не го гледате печатачот, допрете Сите печатачи и изберете го печатачот.