Ставките може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.
Го конфигурира соодносот на зголемување на зголемувањето или намалувањето. Ако сакате да го намалите или да го зголемите оригиналот за одреден процент, изберете ја вредноста и внесете го процентот во опсег од 25 до 400%.
Реална големина
Копира со зголемување од 100%.
A4→A5 и други
Автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на конкретната големина на хартија.
Ав. вк. стр.
Ја открива областа за скенирање и автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на големината на избраната хартија. Кога има бели маргини околу оригиналот, белите маргини од ознаката на аголот на стаклото на скенерот се забележани како област за скенирање, но маргините на спротивната страна може да се исечат.

Изберете ја големината на оригиналот. Кога копирате оригинали со нестандардна големина, изберете ја големината којашто најмногу одговара на оригиналот.
Изберете го изгледот за копирање.
Ед. ст.
Копира едностран оригинал на еден лист.
2 наго.
Копира два еднострани оригинали на еден лист со двостран изглед. Изберете го редоследот на изгледот и ориентацијата на оригиналот.
Изберете го квалитетот за копирањето. Ако изберете Високо се добива печатење со повисок квалитет, но брзината на печатење може да се намали.
Ги отстранува сенките коишто се појавуваат околу копиите при копирање дебела хартија или коишто се појавуваат во центарот на копиите при копирање брошура.