Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Одржување
Одржување
Прилагодување на Квалитет на печатење
Изберете ја оваа функција ако има проблеми со отпечатените примероци. Може да проверите дали прскалките се затнати и да ја исчистите главата за печатење доколку е потребно, како и да приспособите некои од параметрите за да го подобрите квалитетот на печатење.
Проверка на прскалката на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати. Печатачот печати образец за проверка на прскалки.
Чистење на главата за печатење
Изберете ја оваа функција за да ги исчистите затнатите прскалки во главата за печатење.
Засилено миење на мастило
Алатката Засилено миење на мастило овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило.
Порамнување на главата за печатење
Порамнување на паралелни линии
Изберете ја оваа функција за вертикално да ги порамните линиите.
Хоризонтално порамнување
Изберете ја оваа функција ако редовно се појавуваат хоризонтални ленти на исписите.
Наполни мастило
Изберете ја оваа функција за да го ресетирате нивото на мастило до 100 % кога го полните резервоарот со мастило.
Поставка за Ниво на мастилото
Изберете ја оваа функција за да го поставите нивото на мастило според реалното преостанато мастило.
Преостанат капацитет на Кутијата за одрж.
Го прикажува приближниот работен век на кутијата за одржување. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е речиси полна. Кога ќе се прикаже , кутијата за одржување е полна.
Чис. на вод. за ха.
Изберете ја оваа функција ако има дамки од мастило на внатрешните валјаци. Печатачот внесува хартија за да ги исчисти внатрешните валјаци.