> Во вакви ситуации > Ресетирање на мрежната врска > Одредување поставки за поврзување со мобилниот уред

Одредување поставки за поврзување со мобилниот уред

Може да го користите печатачот од мобилниот уред преку безжичен насочувач кога ќе го поврзете печатачот со истата мрежа како и безжичниот насочувач.

За да поставите нова врска, пристапете до следнава веб-локација од мобилниот уред што сакате да го поврзете со печатачот. Внесете го името на производот, одете на Поставување, а потоа започнете со поставување.

https://epson.sn

Може да ја гледате постапката во Пр. за веб-видео. Пристапете до следнава веб-страница.

https://support.epson.net/publist/vlink.php?code=VC00006

Белешка:

Ако веќе сте ја поставиле врската помеѓу вашиот мобилен уред и печатачот, но треба повторно да ја конфигурирате, тоа можете да го направите од апликација како што е Epson Smart Panel.