Проверете ја IP-адресата на печатачот.
Изберете ја иконата за мрежа на почетниот екран на печатачот и изберете го активниот начин на поврзување за да ја потврдите IP-адресата на печатачот.
За да изберете ставка, користете ги копчињата
, а потоа притиснете го копчето OK.
Може да ја проверите IP-адресата така што ќе отпечатите извештај за мрежната врска.
Активирајте веб-прелистувач од компјутер или мобилен уред, а потоа внесете ја IP-адресата на печатачот.
Формат:
IPv4: http://IP-адресата на печатачот/
IPv6: http://[IP-адресата на печатачот]/
Примери:
IPv4: http://192.168.100.201/
IPv6: http://[2001:db8::1000:1]/
Со мобилен уред може да ја стартувате и Web Config од екранот со информации за производот на Epson Smart Panel.
Бидејќи печатачот користи самопотпишан сертификат кога пристапува до HTTPS, во прелистувачот се прикажува предупредување кога ќе ја стартувате Web Config; ова не укажува на проблем и може слободно да го игнорирате.