> Во вакви ситуации > Директно поврзување мобилен уред и печатач (Wi-Fi Direct) > Поврзување со уреди со користење на Wi-Fi Direct

Поврзување со уреди со користење на Wi-Fi Direct

Овој метод ви овозможува да го поврзете печатачот директно со уредите, без безжичен пренасочувач.

Белешка:

За корисниците на уреди со iOS или Android, погодно е поставувањето да се изврши од Epson Smart Panel.

Потребно е само еднаш да ги одредите овие поставки за печатачот и за уредот што сакате да го поврзете. Нема да треба повторно да ги одредувате овие поставки, освен ако оневозможите Wi-Fi Direct или ако ги вратите мрежните поставки на стандардните.

  1. Изберете на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Wi-Fi Direct.

  3. Притиснете го копчето OK.

  4. Скролувајте надолу по екранот на печатачот за да се прикажат SSID и лозинката потребни за поставување на врската. Изберете ја SSID прикажана на вашиот уред и внесете ја лозинката.

  5. Од екранот на апликацијата за печатење за уредот, изберете го печатачот со кој сакате да се поврзете.

  6. На контролната табла на печатачот, изберете Свршено.

За уреди што биле претходно поврзани со печатачот, изберете го името на мрежата (SSID) на екранот за Wi-Fi на уредот за да извршите повторно поврзување.

Белешка:

Ако користите уред со iOS, може да го поврзете и со скенирање на QR-кодот со стандардната камера на iOS. Отворете го линкот подолу https://epson.sn.