За пристап до Web Config, внесете ја IP-адресата на печатачот во прелистувачот.
Внесете ја IP-адресата на печатачот од компјутер што е поврзан на истата мрежа како и печатачот.
IP-адресата на печатачот може да ја видите преку следново мени.
Поставки > Општи поставки > Поставки за мрежа > Статус на мрежа > Статус на кабелска LAN/ Wi-Fi мрежа
Внесете ја администраторската лозинка за да се најавите како администратор.
Изберете според следниов редослед.
Картичка Scan/Copy или Fax > Contacts
Изберете го бројот што сакате да го регистрирате, а потоа кликнете Edit.
Внесете Name и Index Word.
Изберете група од Type.
Кликнете на Select за Contact(s) for Group.
Се прикажуваат достапните дестинации.
Изберете ја дестинацијата којашто сакате да ја регистрирате во групата и потоа кликнете на Select.
Дестинациите може да се регистрираат во повеќе групи.
Кликнете Apply.