Изберете го изворот на хартија од којшто се внесува хартијата. Изберете Автоматски избор за автоматски да го изберете изворот на хартија којшто е избран во поставките за печатење на печатачот.
Изберете го типот хартија на којашто печатите.
Изберете го квалитетот на печатење којшто сакате да го користите за печатење. Опциите се разликуваат во зависност од типот на хартијата.
Ова квадратче е избрано кога ќе изберете големина на хартија без рамки.
При печатењето без рамки, податоците за печатење се зголемуваат малку повеќе од големината на хартијата, за да не се печатат маргини околу рабовите на хартијата.
Проширување: изберете колку да се зголеми.
Изберете кога сакате да печатите со црна боја или со сиви нијанси.
Ја превртува сликата за да се отпечати како што би изгледала во огледало.