Кога вршите синхронизација со серверот за време (NTP-сервер), може да го синхронизирате времето на печатачот и компјутерот на мрежата. Со серверот за време може да се ракува во рамки на организацијата или да се објави на интернет.
Кога го користите ИС сертификатот или автентикација Kerberos, проблемите поврзани со времето може да се спречат ако извршите синхронизација со серверот за време.
Одете на Web Config и изберете ја картичката Device Management > Date and Time > Time Server.
Изберете Use за Use Time Server.
Внесете ја адресата на серверот за време за Time Server Address.
Може да користите IPv4, IPv6 или FQDN-формат. Внесете до 252 знаци. Во спротивно, оставете го полево празно.
Внесете Update Interval (min).
Може да поставите до 10.080 минути за интервалот за минути.
Кликнете OK.
Може да го проверите статусот на врската со серверот за време на Time Server Status.