> Скенирање > Скенирање оригинали во мрежна папка > Опции на мени за скенирање за скенирање во папка

Опции на мени за скенирање за скенирање во папка

Белешка:

Ставките може да не бидат достапни во зависност од другите поставки што сте ги одредиле.

Реж. на боја:

Изберете дали да скенирате во боја или црно-бело.

Формат на дат.:

Изберете го форматот во којшто сакате да ја зачувате скенираната слика.

  • Коеф. на компресија:

    Изберете колку да се компримира скенираната слика.

  • PDF Поставки:

    Кога ќе изберете PDF како поставка за форматот за зачувување, користете ги овие поставки за да ги заштитите PDF-датотеките.

    За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при отворање, поставете Лозинка за отвора. документ. За да создадете PDF-датотека за којашто е потребна лозинка при печатење или уредување, поставете Лозинка за дозволи.

Резолуција:

Изберете резолуција за скенирање.

двострано:

Ги скенира двете страни од оригиналот.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

  • Сврз.(Оригин.):

    Изберете ја насоката за подврзување на оригиналот.

Об. на ск.:

Изберете ја областа за скенирање. За да го исечете белиот простор околу текстот или сликата кога скенирате, изберете Автоматско сечење. За да скенирате максимална површина од стаклото на скенерот, изберете Максимална област.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

Вид на ор.:

Изберете го типот на оригиналот.

Ориен. (Ориг.):

Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

Густина:

Изберете го контрастот на скенираната слика.

Отстрани сенка:

Отстранете ги сенките на оригиналот коишто се појавуваат на скенираната слика.

  • Рамка:

    Отстранете ги сенките на рабовите на оригиналот.

  • Центар:

    Отстранете ги сенките на маргината за подврзување на брошурата.

Отстрани дупки:

Отстранете ги продупчувањата што се појавуваат на скенираната слика. Може да ја одредите областа за бришење на продупчувањата така што ќе внесете вредност во десното поле.

  • Позиција на бришење:

    Изберете ја положбата за отстранување на продупчувањата.

  • Ориен. (Ориг.):

    Изберете ја ориентацијата на оригиналот.

Име на датотека:
  • Префикс на име на датотека:

    Внесете префикс за името на сликите со алфанумерички знаци и симболи.

  • Додади Датум:

    Додадете датум во името на датотеката.

  • Додади Време:

    Додадете време во името на датотеката.