Конфигурирање на стандардната политика

За да филтрирате сообраќај, конфигурирајте ја стандардната политика. Стандардната политика се применува на секој корисник или група поврзана на печатачот. За подетална контрола над корисниците или групите на корисници конфигурирајте ги политиките на групата.

  1. Пристапете до Web Config, а потоа изберете го јазичето Network Security > IPsec/IP Filtering > Basic.

  2. Внесете вредност за секоја ставка.

  3. Кликнете на Next.

    Се прикажува порака за потврда.

  4. Кликнете на OK.

    Печатачот е ажуриран.