Ова е врската за директно поврзување на печатачот на мрежата со компјутерот. Може да се поврзе само модел што поддржува мрежно поврзување.
Поврзете го печатачот со мрежата директно преку хаб или преку точка за пристап.
Инсталирајте го двигателот за печатачот на секој компјутер-клиент.
Кога користите EpsonNet SetupManager, може да го обезбедите пакетот на двигателот којшто ги вклучува поставките за печатачот.
Задачата за печатење започнува веднаш бидејќи се испраќа директно до печатачот.
Може да печатите ако е вклучен печатачот.