Печати шаблон за проверка на прскалките за да проверите дали прскалките на главата за печатење се затнати.
Ги чисти затнатите прскалки во главата за печатење. Бидејќи оваа функција користи дел од мастилото, чистете ја главата за печатење само ако некои прскалки се затнати како што е прикажано на илустрацијата со шаблонот за проверка на прскалките.

Извршува интензивно чистење за да се исчистат затнатите прскалки во главата за печатење. Бидејќи оваа функција користи повеќе мастило отколку чистењето на главата за печатење, вршете интензивно чистење само ако повеќето прскалки се затнати како што е прикажано на илустрацијата со шаблонот за проверка на прскалките.

Се отвора прозорецот Аранжер на налози Лајт. Овде може да ги отворате и да ги уредувате претходно зачуваните податоци.
Се отвора прозорецот EPSON Status Monitor 3. Овде може да го потврдите статусот на печатачот или на потрошните материјали.
Може да направите различни поставки. Кликнете со десното копче на секоја ставка за да видите Помош за повеќе информации.
Се прикажуваат задачи коишто чекаат да бидат отпечатени. Може да ги проверите, да ги паузирате или да продолжите со задачите за печатење.
Се прикажува бројот на листови на хартија внесени во печатачот или во ADF.
Го менува јазикот којшто треба да го користите во прозорецот за двигател на печатач. За да ги примените поставките, затворете го двигателот на печатач и повторно отворете го.