Решенија
Порамнете ја главата за печатење користејќи ја функцијата Прилагодување на Квалитет на печатење.
Решенија
Ако квалитетот на печатењето не се подобрува дури и откако ќе ја порамните главата за печатење, оневозможете ја поставката за двонасочно печатење.
Во текот на двонасочното печатење (или печатење со голема брзина), главата за печатење печати додека се движи во двете насоки, па вертикалните линии може да не бидат порамнети. Ако ја оневозможите оваа поставка, брзината на печатење може да се намали, но и да се подобри квалитетот на печатење.
Изберете Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач, а потоа оневозможете Двонасочно на контролната табла.