Се појавуваат шаблони со ленти

Поставката за двонасочно печатење е овозможена.

Решенија

Кога печатите на обична хартија, оневозможете ја поставката за двонасочно печатење.

Во текот на двонасочното печатење (или печатење со голема брзина), главата за печатење печати додека се движи во двете насоки, па вертикалните линии може да не бидат порамнети. Ако ја оневозможите оваа поставка, брзината на печатење може да се намали, но и да се подобри квалитетот на печатење.

  • Контролна табла

    Изберете Поставки > Општи поставки > Поставки за печатач, а потоа оневозможете Двонасочно.

  • Windows

    Отштиклирајте Двонасочно печатење во картичката Повеќе опции на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете Опции и производи > Опции (или Двигател). Изберете Off како поставка за High Speed Printing.

Поставен е низок квалитет на печатењето.

Решенија

Кога печатите на фотографска хартија, печатете користејќи поставка за повисок квалитет.

  • Контролна табла

    Изберете Најдобро за Квалитет во картичката Напредно во поставките за печатење.

  • Windows

    Изберете Високо за Квалитет во картичката Главна на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Фино за Print Quality од менито Поставки за печатење во дијалогот за печатење.

Прскалките на главата за печатење можеби се затнати.

Решенија

Користете ја функцијата Прилагодување на Квалитет на печатење. Ако не сте го користеле печатачот долго време, прскалките на главата за печатење може да бидат затнати и да не испуштаат капки мастило.