Поставки за безбедносни функции

Кога поставувате IPsec/IP-филтрирање или IEEE 802.1X, се препорачува да пристапите до Web Config користејќи SSL/TLS за пренесување на информациите за поставките со цел да се намалат безбедносните ризици, како што се неовластени измени или пресретнување на податоците.

Погрижете се да ја конфигурирате администраторската лозинка пред да поставите IPsec/IP-филтрирање или IEEE 802.1X.

Исто така, може да користите Web Config така што ќе го поврзете печатачот директно со компјутерот користејќи кабел за етернет и внесувајќи ја IP-адресата во веб-прелистувач. Печатачот може да се поврзе во безбедна околина откако ќе се комплетираат безбедносните поставки.