Одредување поставки за зачувување за прием на факсови со одредени услови

Може да одредите поставки за зачувување на примените факсови во приемното сандаче и во надворешен мемориски уред кога се испратени од одреден испраќач или во одредено време. Зачувувањето на факсот во доверливото сандаче или во приемното сандаче ви овозможува да ја проверите содржината на примениот факс со прегледување на факсот на LCD-екранот на печатачот, пред печатачот да го отпечати факсот.

Пред да ја користите функцијата за зачувување примени факсови во одредено време, уверете се дека се точни поставките за Датум/Време и Временска разлика на печатачот. Пристапете до менито од Поставки > Општи поставки > Осн поставки > Поставки за датум/време.

Белешка:
  • Освен контролната табла на печатачот, може да користите и Web Config за да одредите поставки за зачувување за примените факсови. Изберете ја картичката Fax > Поставки Зачув./Препрати > Услов. Зачувај/Препрати, изберете го бројот на доверливото сандаче, а потоа изберете Edit и одредете ги поставките за дестинацијата за зачувување.

  • Може и да печатите и/или да проследувате примени факсови истовремено. Одредете ги гореспоменатите поставки во екранот Edit.

  1. Изберете Поставки на контролната табла на печатачот, а потоа изберете Општи поставки > Поставки на факс.

  2. Изберете Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Услов. Зачувај/Препрати, а потоа допрете на нерегистрирано сандаче во Услов. Зачувај/Препрати.

  3. Допрете на рамката Име, а внесете го името коешто сакате да го регистрирате.

  4. Изберете ја рамката Услов(и) за да направите поствка за состојба.

    • Совп. на бр. на факс на испр.: Ако бројот на дојдовниот факс се совпаѓа со состојбите коишто сте ги избрале во оваа стаква, печатачот ги зачувува и ги препраќа примените факсови.
      Изберете ја состојбата Совп. на бр. на факс на испр. и внесете го бројот на факс (најмногу 20 цифри) така што ќе ја изберете рамката Број на факс.
    • Совп. на (SUB): Ако субадресата (SUB) потполно се совпаѓа, печатачот ги зачувува и ги препраќа примените факсови.
      Овозможете ја поставката Совп. на (SUB) и внесете ја лозинката така што ќе ја изберете рамката Подадреса(SUB).
    • С на Лозинка(SID): Ако лозинакта (SID) потполно се совпаѓа, печатачот ги зачувува и ги препраќа примените факсови.
      Овозможете ја поставката С на Лозинка(SID) и внесете ја лозинката така што ќе ја изберете рамката Лозинка(SID).
    • Вре. на примање: Печатачот ги зачувува и ги препраќа примените факсови за време на назначениот временски период.
      Овозможете ја поставката Вре. на примање и поставете го времето во Време на почеток и Време на крај.
  5. Изберете Дест. Зачувај/Препрати, а потоа одредете поставки за целната дестинација, сандаче и/или надворешен мемориски уред.

    • За да ги зачувате примените факсови во Сандаче или во доверливо сандаче:
      Изберете Зачувај во Факс.
      Допрете на Зачувај во Факс за да го поставите ова на Вкл..
      Изберете го сандачето во коешто сакате да го зачувате документот.
    • За да зачувувате примени факсови на надворешен мемориски уред:
      Вметнете мемориски уред во USB-портата на надворешниот интерфејс на печатачот.
      Изберете Зачувај на мемо. уред.
      Допрете на Зачувај на мемо. уред за да го поставите ова на Вкл..
      Проверете ја прикажаната порака и допрете на Создади.
      Креирана е папка за зачувување на примените документи на меморискиот уред.
      Важно:

      Примените документи привремено се зачувуваат во меморијата на печатачот пред документите да се зачуваат во меморискиот уред поврзан со печатачот. Бидејќи грешката за полна меморија го оневозможува испраќањето и примањето на факсовите, чувајте го меморискиот уред поврзан со печатачот.

    Белешка:

    За да ги печатите примените факсови истовремено, допрете Печати за да го поставите ова на Вкл..

  6. Изберете Затвори за да ги комплетирате поставките за Дест. Зачувај/Препрати.

    Белешка:

    Може да поставите печатачот да испраќа е-пораки до луѓето коишто сакате да ги известите за резултатите од зачувувањето факсови, кога зачувувањето ќе заврши. По потреба, изберете Извест. по е-пошта, поставете ги процесите, а потоа изберете ја дестинацијата од списокот со контакти до којашто сакате да испраќате известувања.

  7. Изберете Во ред за да се вратите на екранот Поставки Зачув./Препрати за да се заврши Услов. Зачувај/Препрати.

  8. Изберете ја регистрираната рамка за којашто сте ја направиле поставката за состојба и изберете Вклучи.

Со ова завршува одредувањето поставки за условно зачувување за примените факсови. Може да одредите Општи поставки според потребите. За детали, видете го објаснувањето за Општи поставки во менито Поставки Зачув./Препрати.