Поставување на изворот на хартија

Поставете ги големината и типот на хартијата што ќе ја ставите во секој извор на хартија.

  1. Одете на Web Config и изберете ја картичката Print > Paper Source Settings.

  2. Поставете ги сите ставки.

    Прикажаните ставки може да се разликуваат во зависност од ситуацијата.

    • Име на изворот на хартија
      Приказ на името на целниот извор на хартија, како на пр. Rear Paper Feed, Cassette 1.
    • Paper Size
      Од паѓачкото мени, изберете ја големината на хартија што сакате да ја поставите.
    • Unit
      Изберете ја единицата за големина дефинирана од корисникот. Може да го изберете кога User defined е избрано во Paper Size.
    • Width
      Поставете ја хоризонталната должина на големината дефинирана од корисникот.
      Опсегот што може да го внесете овде зависи од изворот на хартија, прикажан на страната на Width.
      Кога ќе изберете mm во Unit, може да внесете до едно децимално место.
      Кога ќе изберете inch во Unit, може да внесете до две децимални места.
    • Height
      Поставете ја вертикалната должина на големината дефинирана од корисникот.
      Опсегот што може да го внесете овде зависи од изворот на хартија, прикажан на страната на Height.
      Кога ќе изберете mm во Unit, може да внесете до едно децимално место.
      Кога ќе изберете inch во Unit, може да внесете до две децимални места.
    • Paper Type
      Од паѓачкото мени, изберете го типот хартија што сакате да го поставите.
  3. Проверете ги поставките, а потоа кликнете на OK.