Одредување поставки за проследување за прием на факсови

Може да одредите поставки за проследување до најмногу пет дестинации, адреси на е-пошта, споделени папки и/или друг факс-уред, без оглед на испраќачот или времето. Ако одредувате поставки за проследување примени факсови, прво додајте ги дестинациите за проследување во списокот со контакти. За да препратите до адреса на е-пошта, треба претходно да ги конфигурирате и поставките на серверот за е-пошта.

Конфигурирање сервер за е-пошта

Поставување споделена мрежна папка

Побрз пристап до контактите

Документите во боја не може да се препраќаат до друг факс-уред. Тие се обработуваат како документи што не успеале да се препратат.

Белешка:
  • Освен контролната табла на печатачот, може да користите и Web Config за да одредите поставки за проследување за прием на факсови. Изберете ја картичката Fax > Поставки Зачув./Препрати > Безусловно Зачувај/Препрати, а потоа одредете ги поставките за дестинацијата за проследување во Fax Output.

  • Може и да печатите и/или да зачувувате примени факсови истовремено. Одредете ги гореспоменатите поставки во екранот Fax Output.

  1. Изберете Поставки на контролната табла на печатачот, па изберете Општи поставки > Поставки на факс.

  2. Изберете Поставки за прием > Поставки Зачув./Препрати > Безусловно Зачувај/Препрати.

    Кога се прикажува порака, проверете ја содржината и допрете на Во ред.

  3. Може да одредите поставки за најмногу пет дестинации за проследување.

    Изберете Препрати.

    Изберете Да. Наместо тоа, за да ги печатите документите автоматски додека ги препраќате, изберете Да и печати.

    Дестинација > Додај запис, а потоа изберете ги дестинациите за проследување од списокот со контакти. Може да одредите најмногу пет дестинации за проследување.

    Допрете на Затвори за да завршите со избирање на дестинациите за проследување, а потоа допрете на Затвори.

    Во Опц. при неу. пре., изберете дали да ги печатите примените документи или да ги зачувате во Сандаче на печатачот кога проследувањето нема да успее.

    Допрете Во ред.

    Важно:

    Кога Сандаче е полно, примањето факсови е оневозможено. Треба да ги избришете документите од сандачето откако ќе бидат проверени. Бројот на документи што не успеале да се препратат е прикажан на на почетниот екран, покрај други необработени задачи.

    Белешка:

    Може да поставите печатачот да испраќа е-пораки до луѓе коишто сакате да ги известувате за резултатите од проследувањето факсови кога ќе заврши процесот на проследување. По потреба, изберете Извест. по е-пошта, поставете ги процесите, а потоа изберете ја дестинацијата од списокот со контакти до којашто сакате да испраќате известувања.

  4. Изберете Затвори за да ги комплетирате поставките за Безусловно Зачувај/Препрати.

Белешка:
  • Со ова завршува одредувањето поставки за безусловно проследување за примените факсови. Може да одредите Општи поставки според потребите. За детали, видете го објаснувањето за Општи поставки во менито Поставки Зачув./Препрати.

  • Ако сте избрале споделена папка на мрежа или адреса на е-пошта како дестинација за проследување, препорачуваме да проверите дали може да испратите скенирана слика до дестинацијата во режим на скенирање. Изберете Скенирај > Е-пошта или Скенирај > Мрежна папка/ФТП од почетниот екран, изберете ја дестинацијата, а потоа започнете со скенирање.