> Решавање проблеми > Низок квалитет на печатењето > Се појавуваат пруги во боја на интервали од приближно 2.5 cm

Се појавуваат пруги во боја на интервали од приближно 2.5 cm

Имајте ги предвид следниве причини.

Поставката за типот на хартијата не е соодветна за внесената хартија.

Решенија

Изберете соодветна поставка за тип на хартија за хартијата ставена во печатачот.

Поставен е низок квалитет на печатењето.

Решенија

Кога печатите на обична хартија, печатете користејќи поставка за повисок квалитет.

  • Windows

    Изберете Високо од Квалитет на картичката Главна на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Фино за Print Quality од менито Поставки за печатење во дијалогот за печатење.

Положбата на главата за печатење не е порамнета.

Решенија

Порамнете ја главата за печатење.

  • Windows

    Кликнете Порамн. на главата за печатење во картичката Одржување на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете на Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма на печатачот и кликнете на Print Head Alignment.