> Водич за контролната табла > Копчиња и функции

Копчиња и функции

Го вклучува или исклучува печатачот.

Извадете го кабелот за напојување откако ќе се уверите дека светлото за напојување е изгаснато.

Кога ќе се јави грешка на мрежата, со притискање на ова копче се откажува грешката. Држете го ова копче подолго од 5 секунди за да извршите автоматско поставување на Wi-Fi со користење на копчето за притискање WPS.

Се печати извештај за мрежна врска со којшто може да ги утврдите причините за проблемите коишто може да ги имате при користење на печатачот на мрежа. Ако ви требаат подетални мрежни поставки и статус на врската, држете го ова копче најмалку 7 секунди за да отпечатите лист за статус на мрежата.

Ја сопира тековната операција.

Држете го ова копче пет секунди додека да затрепка копчето за да извршите чистење на главата за печатење.

Функции со користење комбинација од копчиња

+

Поставување PIN-код (WPS)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување PIN-код“ (WPS).

+

Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)“.

+

Врати ги стандардните вредности за мрежата

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да ги обновите стандардните мрежни поставки. Кога ќе се вратат мрежните поставки, печатачот се вклучува и светлата за статусот на мрежата трепкаат наизменично.

+

Шаблон за проверка на прскалките за печатење

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да го отпечатите шаблонот за проверка на прскалките.

Се печати и вкупниот број на страници ставени во печатачот, како и шаблонот за проверка на прскалките.