Не ставајте предмети во отворите на печатачот.
Не ставајте ја раката во печатачот при печатење.
Не допирајте ги белиот плоснат кабел и цевките за мастило што се наоѓаат во печатачот.
Не користете спрејови што содржат запаливи гасови во или околу печатачот. Така може да предизвикате пожар.
Не движете ја главата за печатење со рака ако не добиете таква инструкција, инаку може да го оштетите печатачот.
Ако некој од резервоарите за мастило не е дополнет до долната линија, дополнете мастило наскоро.Продолженото користење на печатачот кога нивото на мастилото е под долната линија може да го оштети печатачот.
Секогаш исклучувајте го печатачот со користење на копчето
. Не вадете ги каблите од печатачот и не исклучувајте ја струјата од приклучокот сè додека светлото
не престане да трепка.
Ако не планирате да го користите печатачот подолго време, исклучете го кабелот од електричниот приклучок.