Печатење со Epson Smart Panel

Epson Smart Panel е апликација што ви овозможува лесно извршување задачи на печатачот, како што е печатењето од паметен уред, на пр. паметен телефон или таблет. Може да ги поврзете печатачот и паметниот уред преку безжична мрежа, да ги проверите нивоата на мастило и статусот на печатачот и да ги погледнете решенијата ако се појави грешка.

Инсталирајте Epson Smart Panel од следниот URL или QR-код.

https://support.epson.net/smpdl/

Стартувајте Epson Smart Panel, а потоа изберете го менито за печатење на почетниот екран.