Печатење јасни линиски кодови

Може да печатите јасни линиски кодови за да може лесно да се скенираат. Овозможете ја оваа функција само ако линискиот код којшто сте го отпечатиле не може да се скенира.

Може да ја користите оваа функција во следниве услови.

  • Тип на хартија: Обична хартија

  • Квалитет: Стандардно

  1. Во картичката Одржување на двигателот за печатачот, кликнете Проширени поставки, а потоа изберете Режим на баркод.

  2. Одредете ги останатите ставки во картичките Главна и Повеќе опции според потребите, а потоа кликнете OK.

  3. Кликнете Печати.

    Белешка:

    Отстранувањето на замаглувања не е секогаш можно и зависи од околностите.