> Решавање проблеми > Проверка на светлата и статусот на печатачот

Проверка на светлата и статусот на печатачот

Кога ќе се јави грешка, светлото се вклучува или трепка. Детали за грешката се прикажани на екранот на компјутерот.

: Вклучено

: Трепка

Светло

Ситуација

Решенија

Полнењето со почетно мастило можеби не е завршено.

Видете во летокот Почнете оттука за да го завршите почетното полнење со мастило.

Не е ставена хартија или во исто време е внесен повеќе од еден лист.

Внесете хартија и притиснете го копчето или .

Хартијата е заглавена.

Извадете ја хартијата и притиснете го копчето или .

Ако грешката со заглавената хартија продолжува и по вадењето на хартијата и по исклучувањето и вклучувањето на напојувањето, можеби е останата хартија во печатачот. Ставете хартија со големина A4 во механизмот за задно внесување на хартија, а потоа притиснете го копчето или за да ја извадите хартијата од внатрешноста. Ставете хартија во ориентација портрет.

Ако грешката не може да се отстрани, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

Кога напојувањето е вклучено или трепка

  • Печатачот не е правилно исклучен.*

  • Од причина што печатачот е исклучен за време на функционирање, можно е прскалките да се исушени и затнати.

* Напојувањето е исклучено со струен приклучок или прекинувач, приклучницата е извлечена од приклучокот или настанала грешка со напојувањето.

  • Откако ќе ја отстраните грешката со притискање на копчето или копчето , ви препорачуваме да извршите проверка на прскалките. Откажете ги тековните задачи за печатење.

  • За да го исклучите печатачот, притиснете го копчето .

Кога напојувањето е исклучено

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа.

Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел.

2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson.

Кога светлата и трепкаат истовремено

Перничето за мастило се приближува до крајот на работниот век.

Перничето за мастило треба да се замени.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*1 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Кога ќе се прикаже порака дека може да се продолжи со печатењето на компјутерот, притиснете го копчето или за да продолжите со печатењето. Светлата престануваат да трепкаат привремено, но ќе продолжат да трепкаат во редовни интервали додека не се замени перничето за мастило.

Кога светлата и трепкаат наизменично

Перничето за мастило за печатење без рамки се приближува до или е на крајот на работниот век.

Перничето за мастило за печатење без рамки треба да се замени.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*2 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Кога ќе се прикаже порака дека може да се продолжи со печатењето на компјутерот, притиснете го копчето или за да продолжите со печатењето. Светлата престануваат да трепкаат привремено, но ќе продолжат да трепкаат во редовни интервали додека не се замени перничето за мастило.

Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки.

Се појави грешка на печатачот.

Извадете ја хартијата од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

Ако грешката продолжува да се јавува откако ќе го исклучите и вклучите напојувањето, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

*1 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило во перничето за мастило. За да се спречи протекување мастило од перничето, печатачот е конструиран да го прекине печатењето кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.

*2 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило за печатење без рамки. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето без рамки кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.