> Решавање проблеми > Време е да дополните мастило > Дополнување на резервоарите за мастило

Дополнување на резервоарите за мастило

  1. Отворете го капакот за резервоарот за мастило.

  2. Отворете го капачето за резервоарот за мастило.

    Важно:

    Внимавајте бојата на резервоарот за мастило да одговара на бојата на мастилото што сакате да го дополните.

  3. Додека го држите исправено шишето со мастило, полека вртете го капачето за да го извадите.

    Важно:
    • Epson препорачува користење на оригинални шишиња со мастило Epson.

    • Внимавајте да не истурите мастило.

  4. Проверете ја горната линија (a) на резервоарот за мастило.

  5. Порамнете го горниот дел на шишето со мастило со отворот за полнење, а потоа вметнете го шишето право во отворот за да се наполни мастило до горната линија, каде што сопира автоматски.

    Кога ќе го вметнете шишето со мастило во отворот за полнење за соодветната боја, мастилото почнува да тече, а протокот на мастилото автоматски запира кога мастилото ќе ја достигне горната линија.

    Ако мастилото не почнува да тече во резервоарот, извадете го шишето со мастило и вметнете го повторно. Меѓутоа, не вадете го и не вметнувајте го повторно шишето со мастило откако мастилото ќе ја достигне горната линија. Во спротивно, мастилото може да истече.

  6. Кога ќе завршите со дополнување на мастилото, отстранете го шишето со мастило и безбедно затворете го капачето на резервоарот за мастило.

    Важно:

    Не оставајте го вметнато шишето со мастило; во спротивно, шишето може да се оштети или мастилото да протече.

    Белешка:

    Ако остане мастило во шишето со мастило, затегнете го капачето и зачувајте го шишето во исправна положба за подоцнежна употреба.

  7. Добро затворете го капакот за резервоарот за мастило.