E-12

Решенија:

Потврдете го следново:

  • Другите уреди на мрежата се вклучени.

  • Мрежните адреси (IP адреса, маска на подмрежа и стандарден излез) се точни ако ги внесувате рачно.

  • Мрежните адреси за други уреди (маска на подмрежа и стандарден излез) се исти.

  • Адресата IP не пречи на другите уреди.

Ако вашиот печатач и мрежни уреди сè уште не се поврзуваат откако ќе го потврдите горенаведеното, обидете се со следново.

  • Исклучете го безжичниот рутер. Почекајте околу 10 секунди, па вклучете го.

  • Повторно конфигурирајте ги мрежните поставки користејќи ја датотеката за инсталирање. Може да ја извршите од следнава веб-локација.

    https://support.epson.com (САД, Канада и Латинска Америка)

    https://epson.sn > Поставување (Други региони)

  • Може да регистрирате неколку лозинки на безжичен рутер што користи безбедносен тип WEP. Ако се регистрирани неколку лозинки, проверете дали првата регистрирана лозинка е внесена во печатачот.