> Водич за контролната табла > Проверка на светлата и статусот на печатачот

Проверка на светлата и статусот на печатачот

Светлата на контролниот панел го покажуваат статусот на печатачот.

Нормален статус

: Вклучено

Светло

Статус

Печатачот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа.

Печатачот е поврзан со безжична (Wi-Fi) мрежа во режим Wi-Fi Direct (едноставна AP).

Печатачот е поставен да печати на хартијата означена со светлото. Оваа поставка се користи само при печатење со AirPrint или Mopria, така што можете да го игнорирате светлото кога печатите користејќи други методи. За повеќе детали, видете го објаснувањето на копчето .

Копчиња и функции

Статус на грешка

Кога ќе се јави грешка, светлото се вклучува или трепка. Ако го користите печатачот со компјутер, деталите за грешката се прикажуваат на екранот на компјутерот.

/: вклучено

/: трепка

Светло

Статус

Решенија

Се појави грешка на Wi-Fi-врската.

Притиснете го копчето за да ја поништите грешката и обидете се повторно.

Полнењето со почетно мастило можеби не е завршено.

Видете во летокот Почнете оттука за да го завршите почетното полнење со мастило.

Не е ставена хартија или во исто време е внесен повеќе од еден лист.

Внесете хартија и притиснете го копчето или .

Хартијата е заглавена.

Извадете ја хартијата и притиснете го копчето или .

Ако грешката со заглавената хартија продолжува и по вадењето на хартијата и по исклучувањето и вклучувањето на напојувањето, може да има уште заглавена хартија во печатачот. Ставете хартија со големина A4 или Letter во механизмот за задно внесување на хартија прво со пократкиот раб, а потоа притиснете го копчето или за да ја извадите хартијата од внатрешноста.

Вадење заглавена хартија

Ако грешката не може да се отстрани, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

Кутијата за одржување се приближува до крајот на работниот век.

Светлото продолжува да трепка додека не се замени кутијата за одржување.

Може да продолжите со печатење додека светлата и не трепкаат наизменично.

  • Печатачот не е правилно исклучен.*

  • Од причина што печатачот е исклучен за време на функционирање, можно е прскалките да се исушени и затнати.

* Напојувањето е исклучено со струен приклучок или прекинувач, приклучницата е извлечена од приклучокот или настанала грешка со напојувањето.

  • Притиснете го копчето или за да ја отстраните грешката, а потоа притиснете го копчето за да ги откажете сите задачи за печатење што чекаат. Ви препорачуваме да извршите проверка на прскалките.

    Проверка и чистење на главата за печатење

  • Осигурајте се дека сте го притиснале копчето за да го исклучите печатачот.

Наизменично трепкање:

Перничето за мастило за печатење без рамки се приближува до или е на крајот на работниот век.

Перничето за мастило за печатење без рамки*1*2 треба да се замени.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамки. Не е дел што може да го сервисира корисникот.

Кога на компјутерот или мобилниот уред ќе се прикаже порака дека може да продолжите со печатење, притиснете го копчето или за да продолжите со печатењето. Светлата престануваат да трепкаат привремено, но ќе продолжат да трепкаат во редовни интервали додека не се замени перничето за мастило.

Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки.

Истовремено трепкање:

Перничето за мастило се приближува до крајот на работниот век.

Треба да го замените перничето за мастило. Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило. Перничињата за мастило не се делови што може да ги сервисира корисникот.

Проверете ја пораката прикажана на компјутерот или мобилниот уред, а потоа притиснете го копчето или за да ја отстраните грешката или да продолжите со чистењето.

Ако перничето за мастило го достигнало крајот на својот работен век, повеќе нема да можете да вршите чистење. Печатењето може да се изврши, но квалитетот на отпечатениот материјал не може да се гарантира.

Наизменично трепкање:

Се појавил еден од следниве проблеми:

  • Не може да се изврши Засилено миење на мастило или чистење бидејќи нема доволно слободен простор во кутијата за одржување.

  • Кутијата за одржување не е правилно инсталирана.

  • Кутијата за одржување е на крајот на работниот век.

Направете нешто од следново.

При вршење Засилено миење на мастило или чистење:

  • Заменете ја кутијата за одржување, притиснете го копчето или за да ја отстраните грешката, а потоа обидете се повторно.

  • Притиснете го копчето или за да ја отстраните грешката ако не можете веднаш да ја замените кутијата за одржување. Печатењето може да се изврши, но квалитетот на отпечатениот материјал не може да се гарантира. Ако грешката продолжува да се јавува, заменете ја кутијата за одржување, а потоа притиснете го копчето или .

Покрај горенаведеното:

Повторно инсталирајте ја кутијата за одржување правилно, а потоа притиснете го копчето или . Ако грешката продолжува да се јавува, заменете ја кутијата за одржување, а потоа притиснете го копчето или .

Сите светла се вклучуваат освен светлото .

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа.

Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел.

Важно:
  • Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска. Може да користите само USB-врска.

  • Користете USB 2.0 кабел од типот A-B. Може да користите и USB 3.0 кабел за некои модели.

2. Преземете го најновиот фирмвер од веб-локацијата на локалното претставништво на Epson на вашиот компјутер, а потоа започнете со ажурирањето.

Сите светла трепкаат вклучувајќи го и светлото .

Се појави грешка на печатачот.

Извадете ја хартијата од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

Ако грешката продолжува да се јавува откако ќе го исклучите и вклучите напојувањето, контактирајте со службата за поддршка на Epson.

*1:Забелешка за корисниците во региони различни од САД, Канада и Латинска Америка: во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило за печатење без рамки. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето без рамки кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.

*2:Забелешка за корисниците во САД, Канада и Латинска Америка: во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило за печатење без рамки. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето без рамки кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа може да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Ако тоа се случи за време на стандардната гаранција на производот, замената на перничињата за мастило за печатење без рамки е покриена со стандардната гаранција.