Може да проверите дали е инсталиран оригинален двигател за печатач Epson на вашиот компјутер со користење на еден од следниве методи.
Изберете Системски претпочитани вредности (или Системски поставки) од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Ако картичката Опции и картичката Услужна програма се прикажуваат кога ќе кликнете Опции и производи, а копчето Отвори ја услужната програма за печатачот се прикажува кога ќе ја кликнете картичката Услужна програма, тогаш оригинален двигател за печатачот Epson е веќе инсталиран на компјутерот.
