Обидете се со решенијата по прикажаниот редослед, сè додека не го решите проблемот.
Погрижете се типот на хартијата ставена во печатачот да соодветствува со поставката за типот на хартијата во двигателот за печатачот.
Користете поставка за повисок квалитет во двигателот за печатачот.
За да проверите колку всушност мастило има останато, визуелно проверете ги нивоата на мастило во резервоарите на печатачот. Дополнете ги резервоарите за мастило ако нивоата на мастило се под долните линии.
Порамнете ја главата за печатење.
Извршете проверка на прскалките за да видите дали прскалките на главата за печатење се затнати.
Ако недостасуваат сегменти во шаблонот за проверка на прскалките, прскалките можеби се затнати. Наизменично извршете проверка на прскалките и чистење 3 пати или интензивно чистење еднаш, па проверете дали прскалките се исчистени.
Имајте предвид дека за чистењето на главата за печатење се троши одредено количество мастило.
Ако сè уште недостасуваат сегменти во шаблонот за проверка на прскалките, исклучете го печатачот и почекајте барем 12 часа без печатење, а потоа извршете проверка на прскалките. Ако квалитетот на печатењето сè уште не се подобрува, повторно извршете чистење и проверка на прскалките. Ако сè уште не се подобрува, извршете Засилено миење на мастило.
Ако прскалките се затнати, проблемот можеби ќе се реши и ако го оставите печатачот одредено време без да печатите.
Проверете го следново додека печатачот е исклучен.
Осигурајте се дека користите оригинални шишиња со мастило Epson.
Обидете се да користите оригинални шишиња со мастило Epson.Производот е конструиран да ги прилагодува боите врз основа на користењето оригинални шишиња со мастило Epson.Користењето неоригинални шишиња мастило може да предизвика послаб квалитет на печатењето.
Погрижете се да нема остатоци од хартија во внатрешноста на печатачот.
Кога ја вадите хартијата, не допирајте ја проѕирната фолија со раката или со хартијата.
Осигурајте се дека хартијата е внесена со страната за печатење свртена нагоре и дека не е извиткана.
Ако не можете да го решите проблемот со решенијата наведени погоре, контактирајте со службата за поддршка на Epson.