E-9

Решенија:

Потврдете го следново:

  • Уредите се вклучени.

  • Може да пристапите на интернет и на другите компјутери или мрежни уреди на истата мрежа од уредите што сакате да ги поврзете на печатачот.

Ако вашиот печатач и мрежни уреди сè уште не се поврзуваат откако ќе го потврдите горенаведеното, обидете се со следново.

  • Исклучете го безжичниот рутер. Почекајте околу 10 секунди, па вклучете го.

  • Конфигурирајте мрежни поставки од компјутер што е на иста мрежа како и печатачот користејќи ја датотеката за инсталирање. Може да ја преземете од следнава веб-локација.

    https://support.epson.com (САД, Канада и Латинска Америка)

    https://epson.sn > Поставување (Други региони)

Ако проблемот опстојува, проверете ја IP-адресата на печатачот наведена во извештајот за мрежна врска и контактирајте со производителот на рутерот.