> Во вакви ситуации > Превезување и складирање на печатачот

Превезување и складирање на печатачот

Кога треба да го складирате или да го превезете печатачот при преселба или поправки, следете ги чекорите подолу за да го спакувате.

  1. Исклучете го печатачот со притискање на копчето .

  2. Уверете се дека светлото за напојувањето е изгаснато, а потоа извадете го кабелот за напојување.

    Важно:

    Откачете го кабелот за напојување кога е изгаснато светлото за напојување. Во спротивно, главата за печатење нема да се врати во почетната положба, што може да предизвика мастилото да се исуши, а печатењето да се направи невозможно.

  3. Извадете ги сите кабли како што се кабелот за напојување и USB-кабелот.

  4. Извадете ја сета хартија од печатачот.

  5. Внимавајте да нема оригинали во печатачот.

  6. Отворете го скенерот додека да кликне.

  7. Уверете се дека капачињата на резервоарите за мастило се добро затворени.

  8. Затворете го скенерот.

    Од безбедносни причини, скенерот се затвора во два чекора.

    Белешка:

    Скенерот мора да биде целосно затворен пред да може повторно да се отвори.

  9. Подгответе го печатачот за пренесување како што е прикажано подолу.

  10. Поставете го печатачот во пластична кеса и затворете ја кесата.

  11. Спакувајте го печатачот во кутијата користејќи ги заштитните материјали.

Важно:
  • Кога го складирате или превезувате печатачот, поставете го во пластична кеса и затворете ја. Не накривувајте го печатачот, не поставувајте го вертикално и не превртувајте го наопаку; во спротивно, мастилото може да протече.

  • Кога складирате или превезувате шише со мастило, не навалувајте го шишето и не подложувајте го на удари или промени на температурата. Инаку може да протече мастило дури и кога капачето на шишето со мастило е цврсто затворено. Внимавајте шишето со мастило да биде исправено кога го затворате капачето и преземете мерки да не протекува мастило кога го превезувате шишето, како на пример кога го ставате шишето во торба.

  • Не ставајте отворени шишиња со мастило во кутијата со печатачот.

Ако квалитетот на печатењето е намален следниот пат кога ќе печатите, приспособете го квалитетот на печатење. За детали, видете ја врската со поврзани информации подолу.