> Ставање хартија > Ставање хартија > Ставање хартија во механизмот за задно внесување на хартија

Ставање хартија во механизмот за задно внесување на хартија

  1. Извлечете го држачот за хартија.

  2. Извлечете ги граничниците.

  3. Ставете хартија на средината на држачот за хартија со страната за печатење свртена нагоре.

    Важно:
    • Не ставајте повеќе од максимално назначениот број листови хартија. За обична хартија, не ставајте хартија над линијата веднаш под симболот на граничниците.

    • Прво ставете го пократкиот раб на хартијата. Меѓутоа, ако сте го поставиле подолгиот раб како ширина за кориснички приспособена големина, прво ставете го подолгиот раб на хартијата.

  4. Повлечете ги граничниците до рабовите на хартијата.

  5. Светлото или светлото за последно користената хартија (, или ) се вклучува при ставање на хартијата. Кога печатите користејќи го двигателот за печатачот или правите копија, можете да го игнорирате светлото. Кога печатите користејќи AirPrint или Mopria, притиснете го копчето за да го изберете светлото за хартијата ставена во печатачот.

  6. Извлечете ја излезната фиока.

    Белешка:

    Вратете ја преостанатата хартија во пакувањето. Ако ја оставите во печатачот, хартијата може да се извитка или може да се намали квалитетот на печатењето.