> Скенирање > Скенирање оригинали во компјутер > Скенирање од контролната табла

Скенирање од контролната табла

Може да ја сочувате скенираната слика на компјутер што е поврзан со печатачот со USB-кабел.

Белешка:

За да ја користите функцијава, погрижете се следниве апликации да бидат инсталирани на компјутерот.

ОС

Потребна е апликација за употреба

Се врши проверка на инсталираните апликации

Windows 11

  • Epson ScanSmart

  • Epson Scan 2

Кликнете на копчето за стартување, а потоа проверете во папката All apps > Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.

Windows 10

  • Epson ScanSmart

  • Epson Scan 2

Кликнете на копчето за стартување, а потоа проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.

Windows 8.1 / Windows 8

  • Epson ScanSmart

  • Epson Scan 2

Внесете го името на апликацијата во полето за пребарување, а потоа проверете ја прикажаната икона.

Windows 7

  • Epson ScanSmart

  • Epson Scan 2

Кликнете на копчето за стартување , а потоа изберете Сите програми. Потоа, проверете во папката Epson Software > Epson ScanSmart и во папката EPSON > Epson Scan 2.

OS X El Capitan (10.11) или понов

  • Epson ScanSmart

  • Epson Scan 2

Изберете Оди > Апликации > Epson Software.

OS X Yosemite (10.10) / OS X Mavericks (10.9.5)

  • Epson Event Manager

  • Epson Scan 2

Изберете Оди > Апликации > Epson Software.

Ако апликацијата не е инсталирана, преземете ја и инсталирајте ја од веб-локацијата на Epson.

https://epson.com

Белешка:

За оперативните системи Windows Server, не може да ја користите ова функција.

  1. Ставете ги оригиналите.

    Ставање оригинали на стаклото на скенерот

  2. Притиснете ги копчињата и истовремено за да започнете со скенирање.

Кога користите Windows или OS X El Capitan (10.11) или понова верзија, Epson ScanSmart автоматски стартува на компјутерот и скенирањето започнува.

Белешка:
  • Погледнете ја помошта за Epson ScanSmart за информации во врска со користењето на софтверот. Кликнете Help на екранот Epson ScanSmart за да ја отворите помошта.

  • Бојата, големината и рамките на скенираната слика нема да бидат точно исти како во оригиналот.