> Решавање проблеми > Низок квалитет на печатењето, копирањето и скенирањето > Низок квалитет на копирањето > Се појавуваат пруги во боја на интервали од приближно 2.5 cm (1.0 in.)

Се појавуваат пруги во боја на интервали од приближно 2.5 cm (1.0 in.)

Причината може да биде една од следниве ситуации.

Поставката за типот на хартијата не е соодветна за внесената хартија.

Решенија

Изберете соодветна поставка за тип на хартија за хартијата ставена во печатачот.

Главата за печатење не е порамнета.

Решенија

Порамнете ја главата за печатење.

  • Windows

    Кликнете Порамн. на главата за печатење во картичката Одржување на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Системски претпочитани вредности (или Системски поставки) од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај или Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете на Опции и производи > Услужна програма > Отвори ја услужната програма на печатачот и кликнете на Print Head Alignment.