> Важни упатства > Безбедносни инструкции

Безбедносни инструкции

Прочитајте ги и следете ги овие инструкции за безбедно користење на печатачот. Чувајте го прирачников за користење во иднина. Погрижете се да ги следите и сите предупредувања и инструкции означени на печатачот.

  • Користете го само струјниот кабел доставен заедно со печатачот и не користете го кабелот со друга опрема. Користењето други кабли со овој печатач или користењето на доставениот струен кабел со друга опрема може да доведе до пожар или струен удар.

  • Ако кабелот за напојување приложен со печатачот има игла за заземјување, приклучете го печатачот во заземјен штекер. Ако не ги следите овие инструкции може да дојде до пожар или струен удар.

  • Проверете дали вашиот кабел за напојување ги исполнува соодветните локални стандарди за безбедност.

  • Никогаш сами не расклопувајте ги, не менувајте ги или не обидувајте се да ги поправите кабелот, приклучокот, печатачот, скенерот или другите опции, освен како што е конкретно објаснето во упатствата за печатачот.

  • Исклучете го печатачот од струја и побарајте помош од стручни лица за сервисирање во следниве ситуации:

    Кабелот за струја или приклучокот е оштетен, во печатачот влегла течност; печатачот паднал или куќиштето е оштетено, печатачот не работи нормално или покажува значителна промена во работата. Не приспособувајте контроли што не се опфатени со упатствата за ракување.

  • Ставете го печатачот блиску до ѕидниот штекер од кој може лесно да се исклучи.

  • Не поставувајте го и не складирајте го печатачот надвор, во близина на прекумерна нечистотија или прашина, извори на топлина, или на места што се подложни на електрични удари, вибрации, висока температура или влажност.

  • Внимавајте да не истурите течност на печатачот и не ракувајте со печатачот со влажни раце.

  • Чувајте го печатачот на растојание од најмалку 22 cm (8,7 in.) од електростимулатори на срцето. Радиобрановите од овој печатач можат негативно да се одразат врз работата на електростимулаторите на срцето.