Потврдете го следново:
Другите уреди на мрежата се вклучени.
Мрежните адреси (IP-адреса, подмрежна маска и стандардна капија) се точни ако сте ја поставиле поставката за „Добиј IP-адреса“ на печатачот на „Рачно“.
Ресетирајте ги мрежните адреси ако се неточни. Може да ги проверите IP-адресата, подмрежната маска и стандардната капија од делот Network Status на извештајот за мрежната врска.
Ако е овозможено DHCP, променете ја поставката „Добиј IP-адреса“ на печатачот на „Автоматски“. Ако сакате рачно да ја поставите IP-адресата, проверете ја IP-адресата на печатачот од делот Network Status на извештајот за мрежната врска, па изберете „Рачно“ на екранот за мрежни поставки. Поставете ја подмрежната маска на [255.255.255.0].
Ако вашиот печатач и мрежни уреди сè уште не се поврзуваат откако ќе го потврдите горенаведеното, обидете се со следново.
Исклучете го безжичниот рутер. Почекајте околу 10 секунди, па вклучете го.
Конфигурирајте мрежни поставки на компјутерот што е на иста мрежа како и печатачот користејќи ја датотеката за инсталирање. Може да ја извршите од следнава веб-локација.
https://support.epson.com (САД, Канада и Латинска Америка)
https://epson.sn > Поставување (Други региони)