Замена на кутијата за одржување

Во некои циклуси на печатење, во кутијата за одржување може да се собере многу мало количество од вишок мастило. За да се спречи истекување од кутијата за одржување, печатачот е направен да спречи печатење кога капацитетот на апсорпција на кутијата за одржување ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Заменете ја кутијата за одржување кога ќе биде побарано. Epson Status Monitor или светлата на контролната табла ќе ви покажат кога треба да се замени овој дел. Потребата да се замени кутијата не значи дека печатачот ќе престане да работи во согласност со неговите спецификации. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена. Претставува дел што треба да го замени корисникот.

Белешка:

Кога кутијата за одржување е полна, не може да печатите или да ја чистите главата за печатење додека не се замени кутијата за одржување за да се избегне протекување на мастилото. Меѓутоа, може да извршувате задачи за коишто не се користи мастило, на пр. скенирање.

  1. Извадете ја новата кутија за одржување од пакувањето.

    Важно:

    Не допирајте го зелениот чип странично на кутијата за одржување. Тоа може да влијае врз нормалното работење и печатење.

    Белешка:

    Со новата кутија за одржување е испорачана и проѕирна кеса за старата кутија за одржување.

  2. Отворете го скенерот додека да кликне.

  3. Извадете го капакот.

  4. Извадете ја користената кутија за одржување.

    Белешка:

    Не држете ја кутијата за одржување како што е прикажано на следнава илустрација.

    Важно:

    Не допирајте ги деловите прикажани на илустрацијата. Така може да се спречи нормалната работа и може да се замачкате со мастило.

  5. Ставете ја користената кутија за одржување во проѕирната кеса испорачана со новата кутија за одржување и добро затворете ја кесата.

  6. Ставете ја новата кутија за одржување до крај во печатачот. Погрижете се кутијата да ја вметнете во правилната насока.

  7. Повторно наместете го капакот.

  8. Затворете го скенерот.

    Од безбедносни причини, скенерот се затвора во два чекора.

    Белешка:

    Скенерот мора да биде целосно затворен пред да може повторно да се отвори.