> Водич за контролната табла > Копчиња и функции

Копчиња и функции

Го вклучува или исклучува печатачот.

Извадете го кабелот за напојување откако ќе се уверите дека светлото за напојување е изгаснато.

Кога ќе се јави грешка на мрежата, со притискање на ова копче се откажува грешката. Држете го копчето подолго од пет секунди за автоматско поставување Wi-Fi со користење на копчето за притискање WPS.

Се печати извештај за мрежна врска со којшто може да ги утврдите причините за проблемите коишто може да ги имате при користење на печатачот на мрежа. Ако ви требаат подетални мрежни поставки и статус на врската, држете го ова копче најмалку пет секунди за да отпечатите лист за статус на мрежата.

Кога печатите користејќи AirPrint или Mopria, притиснете го ова копче за да ги изберете големината и типот на хартијата. Светлото ( / / ) за избраната хартија се вклучува. Пред да го користите ова копче за првпат, користете Web Config за да ги поставите големината и типот на хартијата поврзани со / / .

Започнува црно-бело копирање на обична хартија A4. За да го зголемите бројот на примероци (до 30 примероци), притискајте го ова копче во интервали од по една секунда.

Започнува копирање во боја на обична хартија A4. За да го зголемите бројот на примероци (до 30 примероци), притискајте го ова копче во интервали од по една секунда.

Ја сопира тековната операција.

Држете го ова копче пет секунди додека да затрепка копчето за да извршите чистење на главата за печатење.

Функции на комбинациите од копчиња

Достапни се дополнителни функции со разни комбинации на копчињата.

+

Проверете ги скенираните слики

Притиснете ги копчињата и истовремено за да го активирате софтверот на компјутер поврзан со USB и да ги проверите скенираните слики.

+

Поставување PIN-код (WPS)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување PIN-код“ (WPS).

+

Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)

Задржете ги копчињата и истовремено за да започне „Поставување Wi-Fi Direct (едноставна AP)“.

+

Оневозможи ја мрежната услуга

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да ги оневозможите поставките за Epson Connect.

+

Врати ги стандардните вредности за мрежата

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да ги вратите стандардните мрежни поставки. Кога ќе се вратат мрежните поставки, светлата за статус на мрежата трепкаат наизменично, а потоа се исклучуваат.

+

Шаблон за проверка на прскалките за печатење

Вклучете го печатачот држејќи го копчето за да го отпечатите шаблонот за проверка на прскалките.