Алатката Интензивно чистење овозможува замена на сето мастило во цевките за мастило. Во следниве ситуации, можно е да треба да ја користите оваа функција за да го подобрите квалитетот на печатење.
Сте печатиле или извршиле чистење на главата кога нивоата на мастило биле премногу ниски за да бидат видливи во прозорците на резервоарот за мастило.
Сте извршиле проверка на прскалките и чистење на главата 3 пати и сте почекале најмалку 12 часа без да печатите, но квалитетот на печатење и понатаму не се подобрува.
Пред да ја акивирате оваа функција, прочитајте ги следниве упатства.
Погрижете се дека има доволно мастило во резервоарите за мастило.
Визуелно проверете дали сите резервоари за мастило се полни барем една третина.Ниските нивоа на мастило за време на Интензивно чистење може да доведат до оштетување на производот.
Потребен е интервал од 12 часа помеѓу секое Интензивно чистење.
Норамлно, едно Интензивно чистење треба да го отстрани проблемот со квалитетот на печатење во рок од 12 часа.Од таа причина, за да избегнете непоребно користење на мастило, мора да почекате 12 часа пред да се обидете повторно.
Можно е да биде потребна замена на кутија за одржување.
Мастилото ќе биде исфрлено во кутијата за одржување.Ако се наполни, мора да ја подготвите и да ја инсталирате кутијата за одржување за да продолжите со печатење.
Кога нивоата на мастило или слободниот простор во кутијата за одржување се недоволни за Интензивно чистење, не може да ја активирате оваа функција.Дури и во овој случај, нивоата и слободниот простор за печатење може да останат.