Достапните ставки се разликуваат во зависност од менито што сте го избрале.
Зголемете го нивото на густина кога резултатите од копирањето се бледи. Намалете го нивото на густина кога мастилото се размачкува.
Ги зголемува или ги намалува оригиналите.
Реална големина
Копира со зголемување од 100 %.
Автоматско приспособување
Ја детектира областа за скенирање и автоматски го зголемува или го намалува оригиналот за да одговара на големината на избраната хартија. Кога има бели маргини околу оригиналот, белите маргини од ознаката на аголот на стаклото на скенерот се забележани како област за скенирање, но маргините на спротивната страна може да се отсечат.

Приспособено
Изберете за да го назначите зголемувањето за да го зголемите или за да го намалите оригиналот.
Го означува употребеното зголемување за да го зголемите или за да го намалите оригиналот во рамки на опсег од 25 до 400 %.
Изберете ја големината на оригиналот. Кога копирате оригинали со нестандардна големина, изберете ја големината којашто најмногу одговара на оригиналот.
Изберете го изгледот за копирање.
Ед. ст.
Копира едностран оригинал на еден лист.
2 наго.
Копира два еднострани оригинали на еден лист со двостран изглед. Изберете го редоследот на изгледот и ориентацијата на оригиналот.