Користете го овој метод на поврзување кога не користите Wi-Fi во домашни услови или во канцеларија или кога сакате директно да ги поврзете печатачот и компјутерот или паметниот уред. Во овој режим, печатачот има улога на безжичен рутер и може да ги поврзете уредите со печатачот без да треба да користите стандарден безжичен рутер. Меѓутоа, уредите што се директно поврзани со печатачот, не може меѓусебно да комуницираат преку печатачот.

Печатачот може истовремено да биде поврзан преку Wi-Fi или етернет и Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска. Меѓутоа, ако стартувате мрежна врска во Wi-Fi Direct (едноставна AP) врска кога печатачот е поврзан преку Wi-Fi, Wi-Fi е привремено исклучена.