Изберете ги менијата на контролната табла како што е опишано подолу.
Поставки > Поставување на печатачот
Поставување на печатачот
Пред да ги користите основните поставки
Во оваа група на менија, следниве ставки се само за ET-4800 Series/L5310 Series/L5290 Series.
Звук
П. за датум/време
Земја/Регион
Пост. за изв. хар.
Поставка на хартија
Изберете ги големината и видот на хартијата што сте ги ставиле во изворот на хартија.
А4/Писмо авто. менув.
Изберете Вклучено за да внесете хартија од изворот на хартија поставен на големина со формат A4 кога нема извор на хартија поставен на формат Писмо (Letter) или внесете ја од изворот на хартија поставен на формат Писмо кога нема извор на хартија поставен на формат A4.
Извест. за грешка
Изберете Вклучено за да се прикаже пораката за грешка кога избраните големина или тип на хартија не одговараат на внесената хартија.
Ав. при. на пос. хар.
Изберете Вклучено за да се прикаже екранот Поставка на хартија кога внесувате хартија во изворот за хартија. Ако ја деактивирате оваа функција, не може да печатите од iPhone или iPad со користење на AirPrint.
Звук
Приспособете ја јачината на звукот.
Без звук
Изберете Вклучено за да ги исклучите сите звуци.
Нормален режим
Изберете ја јачината на звукот, на пр. за Притискање копче.
Тивок режим
Изберете ја јачината на звукот, на пр. за Притискање копче во Тивок режим.
Тивок режим
Изберете Вклучено за да ја намалите бучавата за време на печатење, меѓутоа, ова може да ја намали брзината на печатење. Во зависност од типот на хартија и избраните поставки за квалитет на печатење, можно е да нема разлика во нивото на бучава на печатачот.
Тајмер за исклучување
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Поставки за искл., во зависност од местото на продажба.
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот кога не го користите за одреден временски период. Можете да го прилагодите времето пред да се примени управувањето со енергија. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Размислувајте еколошки пред да извршите каква било промена.
Поставки за искл.
Производот може да ја има оваа функција или функцијата Тајмер за исклучување, во зависност од местото на продажба.
Исклучи напојување ако е неактивно
Изберете ја ова поставка за автоматски да го исклучите печатачот ако не го користите за одреден временски период. Секое зголемување ќе влијае врз енергетската ефикасност на производот. Имајте ја предвид животната средина пред да извршите каква било промена.
Искл. напој. ако е исклуч. од приклучок
Изберете ја оваа поставка за печатачот да се исклучи по одреден временски период откако ќе се прекинат врските со сите порти, вклучително и со LINE портата. Оваа функција може да не биде достапна во зависност од регионот.
Погледнете ја следнава веб-страница за одредениот временски период.
Изберете ја поставката за летно сметање на времето што важи за вашето подрачје.
Временска разлика
Внесете ја временската разлика помеѓу вашето локално време и UTC (Координирано универзално време).
Земја/Регион
Изберете ја земјата или регионот во коишто го користите печатачот. Ако ја промените земјата или регионот, вашите поставки за факс се враќаат на нивните стандардни вредности и мора повторно да ги изберете.
Јазик/Language
Изберете јазик употребен на LCD екранот.
Тастатура
Променете го изгледот на тастатурата на LCD екранот.
Тајмер за спиење
Приспособете го временскиот период за да влезете во режимот за спиење (режим за зачувување на енергија) кога печатачот не извршува никакви задачи. LCD-екранот ќе стане црн кога ќе измине одреденото време.
Врска со компјутер преку USB
Изберете Оспособи за компјутерот да може да добие пристап до печатачот кога е поврзан со USB. Кога е избрано Онеспособи, печатењето и скенирањето коишто не се испратени преку мрежна конекција се ограничени.