Одредување поставки за Wi-Fi со внесување SSID и лозинка

Може да поставите Wi-Fi мрежа со внесување на информациите потребни за поврзување со безжичен рутер од контролната табла на печатачот. За да извршите поставување со овој метод, ќе ви требаат SSID и лозинка за безжичен рутер.

Белешка:

Ако користите безжичен рутер со неговите стандардни поставки, SSID и лозинката се запишани на етикетата. Ако не ги знаете SSID и лозинката, контактирајте со лицето што го поставило безжичниот рутер или проверете ја документацијата приложена со безжичниот рутер.

  1. Изберете Wi-Fi поставување на почетниот екран.

    За да изберете ставка, користете ги копчињата , а потоа притиснете го копчето OK.

  2. Изберете Wi-Fi (Препорачано).

  3. Притиснете го копчето OK за да продолжите.

  4. Изберете Волшебник за пост. на Wi-Fi врска.

  5. Изберете SSID за безжичниот насочувач од контролната табла на печатачот, а потоа притиснете го копчето OK.

    Белешка:
    • Ако SSID со којашто сакате да се поврзете не е прикажана на контролната табла на печатачот, притиснете го копчето за да го ажурирате списокот. Ако и понатаму не е прикажана, изберете Други SSID и директно внесете ја SSID.

    • Ако не ја знаете SSID, проверете дали е запишана на етикетата на безжичниот рутер. Ако го користите безжичниот рутер со неговите стандардни поставки, користете ја SSID запишана на етикетата.

  6. Внесете ја лозинката.

    Изберете дали да се отпечати извештај за мрежната врска откако ќе ги одредите поставките.

    Белешка:
    • Лозинката разликува големи и мали букви.

    • Ако не го знаете името на мрежата (SSID), проверете дали се запишани информации на етикетата на безжичниот рутер. Ако го користите безжичниот рутер со неговите стандардни поставки, користете ја SSID на етикетата. Ако не може да најдете информации, погледнете ја документацијата испорачана со безжичниот рутер.

  7. Кога ќе завршите со поставувањето, притиснете го копчето OK.

    Белешка:

    Ако не успеете да се поврзете, внесете хартија и притиснете го копчето за да отпечатите извештај за мрежната врска.