> Решавање проблеми > Се прикажува код за грешка на LCD-екранот

Се прикажува код за грешка на LCD-екранот

На LCD-екранот се прикажува код ако има грешка или информации на коишто треба да обрнете внимание. Ако се прикажува код, следете ги решенијата подолу за да го решите проблемот.

Код

Ситуација

Решенија

E-01

Се појави грешка на печатачот.

Отворете ги внатрешниот капак и скенерот, а потоа извадете ја хартијата или заштитниот материјал од внатрешноста на печатачот. Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

E-02

Се појави грешка на скенерот.

Исклучете го, па вклучете го напојувањето.

E-11

Треба да го замените перничето за мастило.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*1 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Меѓутоа, достапни се функции освен печатење, како што е скенирање.

E-12

Треба да се замени перниче за мастило за печатење без рамки.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамки.*2 Не е дел што корисникот може да го сервисира.

Не е достапно печатење без рамки, но достапно е печатење со рамки.

W-01

Хартијата е заглавена.

За да ја отстраните грешката, извадете ја хартијата од печатачот и притиснете го копчето прикажано на дното на LCD-екранот. Во некои случаи, треба да го исклучите па да го вклучите напојувањето.

W-11

Перничето за мастило се приближува до крајот на работниот век.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило.*1 Не е дел што корисникот може да го сервисира. Пораката ќе се прикажува додека да се замени перничето за мастило.

Притиснете го копчето за да продолжи печатењето.

W-14

Перничето за мастило за печатење без рамки се приближува до крајот на работниот век.

Контактирајте со Epson или со овластена сервисна служба на Epson за да го замените перничето за мастило за печатење без рамки.*2 Не е дел што корисникот може да го сервисира. Пораката ќе се прикажува додека да се замени перничето за мастило.

Притиснете го копчето за да продолжи печатењето.

I-22

Поставете Wi-Fi од Копче за притискање (WPS).

Притиснете го копчето на точката за пристап. Ако нема копче на точката за пристап, отворете го прозорецот за поставки на точката за пристап и кликнете го копчето прикажано во софтверот.

I-23

Поставете Wi-Fi од PIN-код (WPS).

Внесете го PIN-кодот прикажан на LCD-екранот во точката на пристап или компјутерот во рок од две минути.

I-31

Поставете Wi-Fi од Wi-Fi авто. поврз..

Инсталирајте го софтверот на компјутерот и притиснете го копчето OK кога ќе започне поставувањето на Wi-Fi.

I-41

Ав. при. на пос. хар. е деактивирана. Некои функции не може да се користат.

Ако Ав. при. на пос. хар. е оневозможено, не може да користите AirPrint. За користење на AirPrint, активирајте Ав. при. на пос. хар..

I-60

Компјутерот може да не поддржува WSD (веб-услуги за уреди).

Функцијата за скенирање на компјутер (WSD) е достапна само за компјутерите на коишто се инсталирани англиски верзии на Windows 10, Windows 8.1, Windows 8, Windows 7 или Windows Vista. Уверете се дека печатачот е правилно поврзан со компјутерот.

Recovery Mode

Печатачот стартуваше во режим за поправање затоа што ажурирањето на фирмверот не успеа.

Следете ги чекорите подолу за повторно да се обидете да го ажурирате фирмверот.

1. Поврзете ги компјутерот и печатачот со USB-кабел. (Во режимот за поправање, не може да го ажурирате фирмверот преку мрежна врска.)

2. За дополнителни инструкции, посетете ја веб-локацијата на локалното претставништво на Epson.

*1 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мала количина вишок мастило на перничето за мастило. За да се спречи протекување мастило од перничето, печатачот е конструиран да го прекине печатењето кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ова ќе треба да се направи зависи од бројот на отпечатени страници на печатачот, видот на материјалот за печатење и бројот на циклуси на чистење на печатачот. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.

*2 Во некои циклуси од печатењето може да се собере многу мало количество вишок мастило на перничето за мастило за печатење без рамки. За да се спречи протекување мастило од перничето, производот е направен да запре со печатењето без рамки кога перничето ќе ја достигне својата граница. Дали и колку често ќе биде потребно ова, ќе зависи од бројот на отпечатени страници со опцијата за печатење без рамки. Потребата да се замени перничето не значи дека печатачот престанал да работи, согласно неговите спецификации. Печатачот ќе ве извести кога треба да се замени перничето, а тоа треба да го направи само овластена сервисна служба на Epson. Со гаранцијата на Epson не се покриваат трошоците за оваа замена.