Проверете го следново ако често доаѓа до заглавување на хартијата.
Ставете го печатачот на рамна површина и ракувајте во препорачаните услови на околината.
Користете ја хартијата поддржана од овој печатач.
Следете ги мерките за претпазливост при ракување со хартијата.
Ставете хартија во правилната насока и повлечете го граничникот до работ на хартијата.
Не ставајте повеќе од максимално назначениот број листови хартија.
Ставајте лист по лист ако сте ставиле неколку листови хартија.
Уверете се дека поставките за големината и типот на хартијата одговараат на конкретната големина и типот на хартија ставена во печатачот.