Решенија
Уверете се дека е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson (EPSON XXXXX). Ако не е инсталиран оригинален двигател за печатач на Epson, функциите се ограничени. Ви препорачуваме да го користите оригиналниот двигател за печатач на Epson.
Ако печатите голема слика со многу податоци, компјутерот може да нема доволно меморија. Отпечатете ја сликата со пониска резолуција или со помала големина.
Ако сте се обиделе со сите решенија и не сте го решиле проблемот, обидете се да го деинсталирате и повторно да го инсталирате двигателот за печатачот.
Можно е да го отстраните проблемот така што ќе го ажурирате софтверот на најновата верзија. За да го проверите статусот на софтверот, користете ја алатката за ажурирање на софтвер.
Решенија
Погрижете се статусот на печатачот да не е Пауза.
Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа кликнете двапати на печатачот. Ако печатачот е паузиран, кликнете Продолжи.