> Решавање проблеми > Низок квалитет на печатење, копирање, скенирање и факс > Низок квалитет на печатењето > Матен отпечатен материјал, вертикални пруги или непорамнетост

Матен отпечатен материјал, вертикални пруги или непорамнетост

Имајте ги предвид следниве причини.

Положбата на главата за печатење не е порамнета.

Решенија

Изберете го менито Одржување > Порамнување на главата за печатење > Верт. порамн. на контролната табла за да извршите порамнување на главата за печатење.

Поставката за двонасочно печатење е овозможена.

Решенија

Ако квалитетот на печатењето не се подобрува дури и откако ќе ја порамните главата за печатење, оневозможете ја поставката за двонасочно печатење.

Во текот на двонасочното печатење (или печатење со голема брзина), главата за печатење печати додека се движи во двете насоки, па вертикалните линии може да не бидат порамнети. Ако ја оневозможите оваа поставка, брзината на печатење може да се намали, но и да се подобри квалитетот на печатење.

  • Windows

    Отштиклирајте Двонасочно печатење во картичката Повеќе опции на двигателот за печатачот.

  • Mac OS

    Изберете Системски претпочитани вредности од менито Apple > Печатачи и скенери (или Печати и скенирај, Печати и испрати факс), а потоа изберете го печатачот. Кликнете Опции и производи > Опции (или Двигател). Изберете Off како поставка за Двонасочно печатење.