На контролната табла на печатачот, може да го најдете долунаведеното мени:
Поставки > Поставки на факс > Безбедност
Мени Безбедност
Ограничувања за директно вртење
Ако изберете Вклучено, се оневозможува рачното внесување на броеви на факс на примачите и му се овозможува на операторот да избере примачи само од списокот со контакти или од историјата на испраќање.
Ако изберете Внеси два пати, од операторот се бара повторно да го внесе бројот на факс кога бројот бил внесен рачно.
Ако изберете Исклучено, се овозможува рачно внесување на броевите на факс на примачите.
Ограничувања за емитување
Ако изберете Вклучено, само еден број на факс може да се внесе како број на примачот.
Потврди Листа на адреси
Прикажува потврда за примачот пред да започне преносот.
Може да ги изберете примачите од Сè или од Само за емитување.
Авто. бришење на рез. податоци
Резервните копии од испратените и примените документи обично се чуваат привремено во меморијата на печатачот како подготовка за неправилно дејство или неочекуван прекин на електричната енергија поради дефект на електричната мрежа.
Ако изберете Вклучено, автоматски се бришат резервните копии кога испраќањето или примањето документ ќе заврши успешно и кога резервните копии ќе станат непотребни.
Избриши резервни податоци
Ги брише сите резервни копии привремено складирани во меморијата на печатачот. Направете го ова пред да му го дадете печатачот на некој друг или пред да го депонирате.